Translator

Легендите на Реал Мадрид (2013-2015) Сите права се задржани. Powered by Blogger.
RSS

YouTube Channel

Светското Клубско Првенство е годинешно натпреварување организирано од Светската Фудбалска Федерација (ФИФА). 


Овогодинешното издание на светското клубско фудбалско првенство, 14 по ред, ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати од 6-ти до 16-ти Декември и во него ќе земат учество 7 екипи од 6 фудбалски конфедерации.

Реал Мадрид е бранител на овој трофеј откако во ланското финале ја победија екипата на Кашима Антлерс со 4-2 (стрелци за Реал Мадрид беа Бензема и Роналдо со хет-трик додека за Кашима двоен стрелец беше Гаку Шибасаки, сегашен играч на Гетафе)



Најпрвин во осмина-финалете силите ќе си ги одмерат екипите на АлЏазира (Азијска Фудбалска Конфедерација - Обединети Арапски Емирати) и Окланд Сити ( Фудбалска Федерација на Океанија - Нов Зеланд)
Победникот од овој дуел ќе игра против Урава Редс, екипа која доаѓа од Јапонија и Азијската Фудбалска Федерација.

Победникот од четврт-финалниот натпревар помеѓу Урава Редс и победникот од осмина-финалето ќе игра против најдобриот Европски и Светски Фудбалски клуб и моменталниот освојувач на Фифа Светско Клубско Првенство, Реал Мадрид. Овој натпревар ќе биде одигран на 13-ти декември на Зајед Спортскиот Стадион во АбуДаби кој има капацитет од 43 илјади гледачи.

Во другиот дел на ова натпреварување се екипите на Гремио, Пачука и Вајдад Казабланка.

Екипата на Пачука доаѓа од Мексико и КОНКАФ (Конфедерација на Северна и Централна Америка и Карибите). Оваа екипа се квалификуваше на овој турнир победувајќи во Лигата на Шампионите во оваа Федерација победувајќи ја екипата на Тигрес во финалето со 2-1 од два натпревари.

Противник на Пачука во четврт-финалето е екипата на Вајдад Казабланка, екипа која доаѓа од Мароко и Фудбалската Конфедерација на Африка. 

Вајдад обезбеди место на овој турнир победувајќи во финалето од Лигата на Шампионите на оваа Федерација каде за противник им беше екипата на АлАхли. Натпреварот заврши со резултат 2-1 во корист на Вајдад Казабланка истотака од два натпревари.

Победникот од дуелот помеѓу Пачука и Вајдад Казабланка ќе игра против екипата на Гремио која доаѓа од Бразил и Фудбалската Конфедерација на Јужна Америка. 

Екипата на Гремио е последниот тим кој обезбеди пласман на овој турнир откако победи во финалето од Копа Либертадорес. Гремио ја победи екипата на Ланус во два натпревари и обезбеди место во полу-финалето од Светското Клубско Фудбалско Првенство. За Гремио ова ќе биде прво учество на овој турнир исто како што ќе биде прво учество и за екипите на  Вајдади Казабланка и АлЏазира. Пачука ќе земе учество на овој турнир по 4-ти пат, екипата на Урава Редс по втор пат, по 4-ти пат на овој турнир ќе игра и Реал Мадрид а додека екипата на Окланд Сити ќе земе учество на овој турнир по 9-ти пат. 

Финалето ќе се одигра на 16-ти Декември на  Зајед Спортскиот Стадион во Абу Даби. На ова натпреварување се делегирани судии од сите Фудбалски Конфедерации. Правдата ќе ја делат судиите:
- Рафшан Ирматов (Узбекистан, Азија)
- Маланг Диедхио (Сенегал, Африка)
- Сезар Артуро Рамос (Мексико, КОНКАФ)
- Сандро Ричи (Бразил, Јужна Америка)
- Метју Конгер (Нов Зеланд, Океанија)
- Феликс Брих (Германија, Уефа)
Истотака ќе се користи Видео технологијата.

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Popular Posts

Flag Counter