Translator

Легендите на Реал Мадрид (2013-2015) Сите права се задржани. Powered by Blogger.
RSS

YouTube Channel





Најуспешниот клуб во историјата на Европските натпреварувања и моменталниот Европски фудбалски владетел, Реал Мадрид го има освојувано Европскиот Супер Куп вкупно 3 пати. ЕСК е натпревар во кои силите си ги одмеруваат освојувачот на најелитното Европско клубско натпреварување, Лигата на Шампионите и победникот од Лига Европа. 

Моментален освојувач на овој трофеј е токму Реал Мадрид, кој во ланското издание ја победи екипата на Севиља со 3-2 по продолженија. Домаќин на овој натпревар беше Lerkendal стадионот во Норвешка каде присуствуваа 17 939 љубители на фудбалската игра. 

Резултатот го отвори супер-талентираниот Марко Асенсио со одличен удар од далечина во 21-вата минута за подоцна во 41-ва минута Васкез го израмни резултатот. Севиља поведе со 2-1 од пенал во 72-ра минута но Серхио Рамос со гол во последните моменти од натпреварот го врати во игра Европскиот шампион. Дани Карвахал беше херојот за Реал Мадрид со гол во 119-та минута. Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан истрча на теренот во следниот состав: Кико Касиља на голот, во одбраната Карвахал, Варан, Рамос и Марсело. Во средниот ред Касемиро, Ковачич и Иско и во нападот Мората, Васкез и Асенсио.




Супер Куп 2014

Градскиот стадион во Кардиф, Велс беше домаќин на уште едно соочувања на Реал Мадрид и Севиља во рамките од Европскиот Супер Куп. Како што беше случајот во 2016-та така и во 2014-та како победник од овој натпревар излезе составот на Реал Мадрид. Херој за Реал Мадрид беше Кристијано Роналдо кој со два гола донесе важен трофеј во витрините на Реал Мадрид.

Икер Касиљас, Карвахал, Пепе, Рамос, Коентрао, Крос, Модрич, Родригез, Бензема, Бејл предводени од Карло Анчелоти беа останатите 10-мина кои зедоа учество во овој спектакл. 30 854 навивачи уживаа во магијата на Реал Мадрид предводен од Кристијано Роналдо кој со голови во 30-та и 49-та минута не дозволи никакво изненадување и заслужено го закити Реал Мадрид со уште еден важен трофеј.



Супер Куп 2002

Првиот од трите освоени трофеи во Европскиот Супер Куп, Реал Мадрид го освои во 2002-ра откако го победи Баер Леверкузен во финалето од ЛШ во 2002. Феенорд пак стигна до таму победувајќи ја Борусија Дордмунд со 3-1 во финалето од Уефа Куп 2002.

Реал Мадрид тогаш беше предводен од Висенте дел Боске кои ги одбра почетните 11 за овој натпревар:
Икер Касиљас на голот, Мичел Салгадо, Иван Елгуера, Фернандо Иеро, Роберто Карлос во одбраната, Луис Фиго, Клод Макелеле, Естебам Камбиасо, херојот од финалето во Глазгов Зинедин Зидан и Гути во средината од теренот и во нападот легендарната 7-ка на Реал Мадрид, Раул Гонзалез Бланко кој истотака беше стрелец во финалето против Баер Леверкузен. Франциско Павон, Сантијаго Солари и Хавиер Портиљо истотака зедоа учество во ова финале влегувајќи како замени во второто полувреме. Како играч на натпреварот беше прогласен Роберто Карлос кој постигна еден гол (21-ва минута), по неговиот шут во 15-та минута автогол си постигна Patrick Paauwe а додека третиот гол го постигна Гути по асистенцијата на Луис Фиго. Одличен перформанс покажа и новото засилување Естебан Камбиасо кој со 22-години ова му беше Европско деби во дресот на Реал Мадрид.



Реал Мадрид учествуваше во ова натпреварување уште во два наврати но тогаш беа поразени до Челзи (1-0 во 1998) и од Галатасарај (2-1 по продолженија во 2000).

Овогодишното издание на Европскиот Супер Куп ќе се одржи на Филип Втори Арената во Скопје која со капацитет 30 500 места ќе ги пречека многубројните фанови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид го победи Јувентус (4-1) во финалето од Лигата на Шампионите додека Манчестер Јунајтед го победи Ајакс со 2-0. Реал Мадрид има подобар биланс од предходните средби помеѓу овие два тима со 4 победи, 4 нерешени и 2 порази.


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Popular Posts

Flag Counter