Translator

Легендите на Реал Мадрид (2013-2015) Сите права се задржани. Powered by Blogger.
RSS

YouTube Channel

30-ти Март 1904 - Што ако се одржеше финалето, а никој не дојдеше?

На 30-ти Март 1904-та година, Клуб Еспањол де Мадрид беа единствениот тим кој се појави да го одигра финалето од Копа дел Реј. И покрај тоа тие не го освоија трофејот.

Клуб Еспаљол де Мадрид е клуб основан 1900-та година, во Мадрид. Во 1902-ра клубот се подели што резултираше да се оформи сегашниот Реал Мадрид. 

Она што остана од предходникот на Реал Мадрид продолжи со игра и во финалето од Копа дел Реј во 1904-та година беше дел од една невообичаена случка. Таа година тунирот беше организиран од Мадридската Фудбалска Федерација, чиј претседател беше истотака претседател и на Еспањол де Мадрид. 4 тима учестуваа во натпреварувањето, од кои победникот ќе игра во финале со минатогодишниот победник, Атлетик Билбао ( на фотографијата во 1904).

Еспаљол де Мадрид одигра нерешено во пшровиот натпреавр против Мадрид Модерно, 5-5 на 13-ти Март. Беше договорен повторен натпревар место да се играат продолженија но екипите не можеа да се договорат за терминот. Еспањол сакаше натпреварот да се одигра следниот ден а додека противникот сакаше да почека 48 часа. Кога Мадрид Модерно не се појавија следниот ден, на 14-ти Март, Мадридската федерација го прогласи Еспањол за победник.

Полуфиналниот натпревар требаше да се одигра против Монклоа на 27-ми Март, но повреда на играч на Еспањол резултираше да натпреварот биде одолжен. Федерацијата го одреди следниот ден како ден за одигрувањето на натпреварот, и повторно противникот на Еспањол не можеше да игра на тој датум и Еспањол беше прогласен за победник.

Финалето беше закажано да се одигра на 30-ти Март, место предходно најавениот термин, 26-ти Март.
Во меѓувреме, тимот на Билбао пристигнал на 26-ти за да одигра финалето без да боде известен дека датумот е преместен за 30-ти Март. Затоа и никој не се појавил како противник на Еспањол за финалето и Федерацијата повторно го прогласува Еспањол за победник. Оваа одлука наиде на револт кај другите екипи кои протестираа и на крајот падна одлуката да Билбао ја задржи титулата.

Извор:This Day in Football History


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Popular Posts

Flag Counter