Translator

Легендите на Реал Мадрид (2013-2015) Сите права се задржани. Powered by Blogger.
RSS

YouTube Channel



Пако Генто
Од Франциско Пако Генто па до Маркос Љоренте. Семејството на легендарниот Пако е долги години во Реал Мадрид.

Пако Генто беше еден од најзаслужните за тоа Реал Мадрид ја добие титиулата 'Најдобар клуб во 20-сетитот век'. И после неговото пензионирање неговиот придонес за Реал Мадрид го продолжија неговите внуци, браќата Љоренте.

Браќата Љоренте од Реал Мадрид

Четирите браќа кои ги бранеа боите на Реал Мадрид

Приказната за браќата кои ги бранеа боите на Реал Мадрид е една од поинтересните. Беа вкупно 4 и сите играа за Реал Мадрид. Двајца во кошаркарскиот тим и двајца во фудбалскиот. Сите тие се родени во Ваљадолид и се внуци на една од најголемите легенди на Реал Мадрид, Франциско Генто.

Луис Љоренте Хозе и Антонио 'Тонин' Љоренте Генто се двајца од 4-те кои ги бранеа боите на кошаркарскиот тим и тоа доста успешно. Посебно Хозе Луис кој беше член на легендарниот Шпански состав кој го освои сребрениот медал на Олимписките Игри во ЛосАнџелес во 1984-та. Хозе Луис Љоренте започна во пониските категории на Реал Мадрид и подоцна играше за првиот тим на Реал Мадрид од 1979-та до 1983-та. Потоа ираше за Каха Мадрид и КАИ Сарагоса за потоа повторно се врати во Реал Мадрид во 1987-ма. Неговиот втор мандат во Реал Мадрид траеше до 1992-ра година. Следни негови тимови беа Андора и Фуенлабрада Баскет. Се пензионираше од кошарката во 1997-ма.
Хозе Луис Љоренте

Тонин Љоренте Генто, вториот брат, имаше помалку успешна кариера отколку постариот брат, но е вреден за споменување бидејќи играше 16 сезони во првата лига пред да се пензионира. Тој го калеше својот талент во пониските категории на Реал Мадрид откако започна да игра за Ваљадолид. Но сепак тој не успеа да дебитира за првиот тим на Реал Мадрид. Играше во неколку клубови од првата лига за да се пензионира во сезоната 2001/02.
Антонио Љоренте

Фудбалерите Љоренте

Помладите браќа Љоренте си ја пробаа среќата во фудбалот. Франциско Љоренте Генто, или попзнат како Пако Љоренте започна во Реал Мадрид за потоа да се пресели во друг Мадридски клуб, Мостољес. Потоа играше во младинските категории на Атлетико Мадрид за потоа и успее да заигра во првиот тим на Атлетико. Причината за напредокот во првиот тим на Атлетико беше одличниот перформанс на Пако за Атлетико Мадрид Б. Сезоната 1985/86 скаутите на Атлетико Мадрид го забележаа талентот на младото момче и така тој ја започна својата кариера во Атлетико Мадрид. Истата сезона тој дебитираше за Атлетико Мадрид, потпочно на 6-ти Април 1986, во натпревар против Лас Палмас.

Во 1986-та, Пако Љоренте беше еден од главните играчи на Шпанската Репрезентација до 21-година, кои успеаја да го освојат Европското Првенство.
Во сезоната 1986/87, Пако Љоренте стана постојан член на првиот тим Атлетико Мадрид. Покажуваше одлични способности и дриблинзи слични како неговиот вујко, легендарниот Франциско Генто.
Пако Љоренте

На крајот на сезоната 1986/87, Љоренте, чиј помлад брат играше во Реал Мадрид Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид ја заврши кариерата во Атлетико преминувајќи во тимот на својот брат, Реал Мадрид. Пако Љоренте пристигна во Реал Мадрид во 1987-ма, годината во која тој го забележа и својот прв и единствен настап за Шпанската репрезентација. Беше тоа натпревар одигран во Севиља, против репрезнтацијата на Албанија од рамките на квалификациите за Европското првентсво во Германија 1988-ма. Составот предводен од селекторот Мигуел Муњоз победи со 5-0, а Љоренте, во своето деби постигна еден гол за Шпанците.

И покрај тоа што не играше често во сезоната 1987/88, неговите ректи настапи беа за паметење. Еден од тие настапи беше пртив Порто кога тимот на Реал Мадрид предводен од Лео Бенхакер губеше со 1-0 кога Љоренте влезе на теренот. Пако веднаш по влегувањето ја раздвижи играта на Реал Мадрид со неговите центар-шутеви и додавања кон Мичел, кој постигна два гола и Реал Мадрид успеа да победи со 4-2 вкупен резултат против Порто. Посебен за сеќавање на Љоренте, кој го носеше бројот 16 на грбот беше вториот гол (за 1-2), кога се ослободи од тројца противнички играчи и центрираше за Мичел кој ја заби топката во голот.
Следната сезона, 1988/89, беше најдобрата за Пако во дресот на Реал Мадрид. Тој одигра 25 натпревари за првиот тим, 10 од кои како стартер и постигна 3 голови.
Но сепак, улогата на Пако Љоренте во составот на Реал Мадрид се намалуваше како поминуваат годините. Со Хуго Санчез и Емилио Бутрагењо во нападот и Мичел, Мартин Васекз и Шустер во средината, потребата од Љоренте, кој играше како десно крило, во првиот состав се намалуваше. Сепак, во сезоната 1989/90, со Џон Тошак како тренер, Љоренте стана задолжителнба замена од клупата на Реал Мадрид. Тој одигра 23 натпревари таа сезона, само 2 од тие како стартер и уепса да постигне 1 од тогаш рекордните 107 голови во Лигата.

Сезоната 1990/91, беше една од нај неуспешните во неговата кариера како играч, кога одигра само 6 натпревари. Следната сезона сепак тој имаше поголема улога во тимот. Одигра 18 натпревари каде често и беше стартет. Постигна 2 гола таа сезона. Но сепак неговите 2 последни сезони во Реал Мадрид не беа за паметење. Сезоната 1992/93 тој одигра 8 а додека сезоната 1993/94 само 4 натпревари.

Во 1994 му заврши договорот со Реал Мадрид и си замина од тимот со освоени 3 Лигашти тиули, 2 Копа дел Реј и 4 Супер Купови. Се пензионираше од фудбалот на 32-годишна возраст.

Франциско Пако Љоренте е татко на Маркос Љоренте Морено (роден 1995) кој игра за Реал Мадрид Б и има забележано 2 настапи и  за првиот тим. Мајката на Маркос Љоренте е Марија Ангела која е најстара ќерка на легендарниот играч на Реал Мадрид, Рамос Гросо. 
Рамон Гросо

Маркос Љоренте и Пако Генто
Семејното дрво на Маркос Љоренте


Хулио Љоренте
Најмладиот од семејството Љоренте започна во младите категории на Реал Мадрид. Играше како централен бек и десен бек. Во сезоната 1986/87 тој беше повикан во првиот состав но никогаш не успеа да дебитира. Но беше присутен во прославата на титулата со првиот тим.

Следната сезона тој успеа да дебитира во првата лига, но за екипата на Мајорка каде беше на позајмица од Реал Мадрид. Одигра 24 натпревари таа сезона од кои 23 како стартер.

По завршувањето на позајмицата тој се врати во Реал Мадрид каде се соедини со својот брат во првиот состав. Беше тоа сезоната 1988/89, кога 'Петорката Мршојадци' го предводеше Реал Мадрид. Тој одигра неколку натпревари таа сезона, малку од тие како стартер и имаше по некое појавување во составот кој играше на Европските натпреварувања.
Хулио Љоренте

Следната, сезоната 1989-90, Хулио одигра 10 лигашки натпревари, од кои на 6 беше стартер. Тој истотака одигра 4 натпревари во Копа дел Реј и 3 во Европа, притоа постигнувајќи еден гол.
Тој успеа да освои со Реал Мадрид 2 Лигашки титули, еднаш Копа дел Реј и два пати Шпански Супер Куп. Се пензионираше од фудбалот во 2000-та во екипата на Саламанка.

Голема реткост низ историјата е да браќа заиграат во првиот состав на Реал Мадрид, но по Пако и Хулио Љоренте, двајцата браќа Начо и Алекс го остварија истото. Беше тоа натпревар од Копа дел Реј, против Алкојано на 31-ви Октомври 2012 кога двајцата браќа беа стартери за Реал Мадрид. Начо во одбраната а Алекс во средината.

Начо сеуште е член на првиот состав на Реал Мадрид а додека Алекс Фернаднез игра за екипата на  Ридинг.
Алекс Фернандез

Начо Фернандез
Први голови за Реал Мадрид:

Први голови за Реал Мадрид:

10 Факти кои можеби не сте ги знаеле за ЕлКласико:

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Popular Posts

Flag Counter