Translator

Легендите на Реал Мадрид (2013-2015) Сите права се задржани. Powered by Blogger.
RSS

YouTube Channel


9-тото коло од Шпанското првенство е на програмата за следниот викенд каде екипата на Реал Мадрид ќе му биде домаќин на Еибар. Средбата е закажана за Недела (22.10) на Сантијаго Бернабеу со почеток од 20часот и 45 минути.

Реал Мадрид се наоѓа на 3-то место со 17 освоени бодови а додека екипата на Еибар се наоѓа во долниот дел на табелата, на 16-то место со 7 освоени бодови.

Досега низ историјата само 8 средби се одиграни помеѓу овие два тима, 6 во ЛаЛига и 2 во рамките од Копа дел Реј. 
Реал Мадрид излегол како победник во 6 од 8-те средби со екипата на Еибар која игра во елитното друштво на прволигаши од сезоната 2014-та и одтогаш на 6 меѓусебни дуели со Реал Мадрид има забележано 5 порази и еден нерешен резултат:

- Еибар 0-4 Реал Мадрид , сезона 14/15
- Реал Мадрид 3-0 Еибар, сезона 14/15
- Еибар 0-2 Реал Мадрид , сезона 15/16
- Реал Мадрид 4-0 Еибар , сезона 15/16
- Реал Мадрид 1-1 Еибар , сезона 16/17
- Еибар 1-4 Реал Мадрид , сезона 16/17


Eibar 0-4 Real Madrid

Другите два дуели се одиграно во рамките на Копа дел Реј, во сезоната 2003/04, кога во осмина-финалето на домашен терен Еибар одигра 1-1 со Реал Мадрид (стрелец за Реал беше Гути) а додека во реваншот на Бернебеу Реал Мадрид победи со 2-0 (стрелци Роналдо и Луис Фиго).

Најдобар стрелец од екипата на Реал Мадрид во дуелите против Еибар е Кристијано Роналдо кој на 5 одиграни натпревари има постигнато 5 голови. 
Следни на оваа листа се Џејмс Родригез и Карим Бензема со по 3 постигнати голови, Хесе и Герет Бејл со по 2, Луис Фиго, Марко Асенсио, Гути, Роналдо, Лукас Васкез и Чичарито со по еден постигнат гол.
Екипата на Еибар има постигнато само 2 голови против Реал Мадрид: Рубен Пења во Копа дел Реј и Фран Рико во ЛаЛига.

Зинедин Зидан како тренер го има предводено Реал Мадрид против Еибар во 3 натпревари (2 победи (4-0 и 1-4) и еден нерешен резултат (1-1)).



  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments

Најновата транфер вест која одекна ширум светот е дека екипата на Барселона откако не успеа да го ангажира Фелипе Кутињо од Ливерпул ќе појде по еден од играчите на Реал Мадрид.

Наводно Барселона планира да ја активира откупната клаузула за Асенсио која изнесува 80 милиони евра и да го доведе младиот талентиран Шпанец во своите редови.

Марко Асенсио веќе ја има освоено ЛаЛига со Реал Мадрид, како и Лигата на Шампионите , Европскиот Супер Куп и Светското Клубско Првенство. Асенсио е очигледно иднината на Реал Мадрид и Флорентино Перез и Зинедин Зидан нема да дозволат играчот да си замине од Кралскиот Клуб. Една вест чисто колку да не им е досадно на трансфер шпекулаторите.



  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments





Најуспешниот клуб во историјата на Европските натпреварувања и моменталниот Европски фудбалски владетел, Реал Мадрид го има освојувано Европскиот Супер Куп вкупно 3 пати. ЕСК е натпревар во кои силите си ги одмеруваат освојувачот на најелитното Европско клубско натпреварување, Лигата на Шампионите и победникот од Лига Европа. 

Моментален освојувач на овој трофеј е токму Реал Мадрид, кој во ланското издание ја победи екипата на Севиља со 3-2 по продолженија. Домаќин на овој натпревар беше Lerkendal стадионот во Норвешка каде присуствуваа 17 939 љубители на фудбалската игра. 

Резултатот го отвори супер-талентираниот Марко Асенсио со одличен удар од далечина во 21-вата минута за подоцна во 41-ва минута Васкез го израмни резултатот. Севиља поведе со 2-1 од пенал во 72-ра минута но Серхио Рамос со гол во последните моменти од натпреварот го врати во игра Европскиот шампион. Дани Карвахал беше херојот за Реал Мадрид со гол во 119-та минута. Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан истрча на теренот во следниот состав: Кико Касиља на голот, во одбраната Карвахал, Варан, Рамос и Марсело. Во средниот ред Касемиро, Ковачич и Иско и во нападот Мората, Васкез и Асенсио.




Супер Куп 2014

Градскиот стадион во Кардиф, Велс беше домаќин на уште едно соочувања на Реал Мадрид и Севиља во рамките од Европскиот Супер Куп. Како што беше случајот во 2016-та така и во 2014-та како победник од овој натпревар излезе составот на Реал Мадрид. Херој за Реал Мадрид беше Кристијано Роналдо кој со два гола донесе важен трофеј во витрините на Реал Мадрид.

Икер Касиљас, Карвахал, Пепе, Рамос, Коентрао, Крос, Модрич, Родригез, Бензема, Бејл предводени од Карло Анчелоти беа останатите 10-мина кои зедоа учество во овој спектакл. 30 854 навивачи уживаа во магијата на Реал Мадрид предводен од Кристијано Роналдо кој со голови во 30-та и 49-та минута не дозволи никакво изненадување и заслужено го закити Реал Мадрид со уште еден важен трофеј.



Супер Куп 2002

Првиот од трите освоени трофеи во Европскиот Супер Куп, Реал Мадрид го освои во 2002-ра откако го победи Баер Леверкузен во финалето од ЛШ во 2002. Феенорд пак стигна до таму победувајќи ја Борусија Дордмунд со 3-1 во финалето од Уефа Куп 2002.

Реал Мадрид тогаш беше предводен од Висенте дел Боске кои ги одбра почетните 11 за овој натпревар:
Икер Касиљас на голот, Мичел Салгадо, Иван Елгуера, Фернандо Иеро, Роберто Карлос во одбраната, Луис Фиго, Клод Макелеле, Естебам Камбиасо, херојот од финалето во Глазгов Зинедин Зидан и Гути во средината од теренот и во нападот легендарната 7-ка на Реал Мадрид, Раул Гонзалез Бланко кој истотака беше стрелец во финалето против Баер Леверкузен. Франциско Павон, Сантијаго Солари и Хавиер Портиљо истотака зедоа учество во ова финале влегувајќи како замени во второто полувреме. Како играч на натпреварот беше прогласен Роберто Карлос кој постигна еден гол (21-ва минута), по неговиот шут во 15-та минута автогол си постигна Patrick Paauwe а додека третиот гол го постигна Гути по асистенцијата на Луис Фиго. Одличен перформанс покажа и новото засилување Естебан Камбиасо кој со 22-години ова му беше Европско деби во дресот на Реал Мадрид.



Реал Мадрид учествуваше во ова натпреварување уште во два наврати но тогаш беа поразени до Челзи (1-0 во 1998) и од Галатасарај (2-1 по продолженија во 2000).

Овогодишното издание на Европскиот Супер Куп ќе се одржи на Филип Втори Арената во Скопје која со капацитет 30 500 места ќе ги пречека многубројните фанови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид го победи Јувентус (4-1) во финалето од Лигата на Шампионите додека Манчестер Јунајтед го победи Ајакс со 2-0. Реал Мадрид има подобар биланс од предходните средби помеѓу овие два тима со 4 победи, 4 нерешени и 2 порази.


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments


Едно од овие момчиња на сликата си го оствари својот сон и е дел од првиот на Реал Мадрид.
Уште од мал мечтаел еден ден да го облече белиот дрес и да остави свој печат во историјата на Реал Мадрид, исто како и неговиот идол Раул Гонзалез.

Неговиот прв гол во дресот на Реал Мадрид можете да го погледнете на 12:27 од видеото:

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments

30-ти Март 1904 - Што ако се одржеше финалето, а никој не дојдеше?

На 30-ти Март 1904-та година, Клуб Еспањол де Мадрид беа единствениот тим кој се појави да го одигра финалето од Копа дел Реј. И покрај тоа тие не го освоија трофејот.

Клуб Еспаљол де Мадрид е клуб основан 1900-та година, во Мадрид. Во 1902-ра клубот се подели што резултираше да се оформи сегашниот Реал Мадрид. 

Она што остана од предходникот на Реал Мадрид продолжи со игра и во финалето од Копа дел Реј во 1904-та година беше дел од една невообичаена случка. Таа година тунирот беше организиран од Мадридската Фудбалска Федерација, чиј претседател беше истотака претседател и на Еспањол де Мадрид. 4 тима учестуваа во натпреварувањето, од кои победникот ќе игра во финале со минатогодишниот победник, Атлетик Билбао ( на фотографијата во 1904).

Еспаљол де Мадрид одигра нерешено во пшровиот натпреавр против Мадрид Модерно, 5-5 на 13-ти Март. Беше договорен повторен натпревар место да се играат продолженија но екипите не можеа да се договорат за терминот. Еспањол сакаше натпреварот да се одигра следниот ден а додека противникот сакаше да почека 48 часа. Кога Мадрид Модерно не се појавија следниот ден, на 14-ти Март, Мадридската федерација го прогласи Еспањол за победник.

Полуфиналниот натпревар требаше да се одигра против Монклоа на 27-ми Март, но повреда на играч на Еспањол резултираше да натпреварот биде одолжен. Федерацијата го одреди следниот ден како ден за одигрувањето на натпреварот, и повторно противникот на Еспањол не можеше да игра на тој датум и Еспањол беше прогласен за победник.

Финалето беше закажано да се одигра на 30-ти Март, место предходно најавениот термин, 26-ти Март.
Во меѓувреме, тимот на Билбао пристигнал на 26-ти за да одигра финалето без да боде известен дека датумот е преместен за 30-ти Март. Затоа и никој не се појавил како противник на Еспањол за финалето и Федерацијата повторно го прогласува Еспањол за победник. Оваа одлука наиде на револт кај другите екипи кои протестираа и на крајот падна одлуката да Билбао ја задржи титулата.

Извор:This Day in Football History


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments

Рамон Гросо
Рамос Гросо беше Шпански играч кој играше за Реал Мадрид од 1959 до 1976. Тој својата кариера ја започна во Реал Мадрид Кастиља. Тој настапуваше на позицијата напаѓач и ја носеше деветката и беше сметан за душата на ‘Yeyé’ тимот, тимот кој ја освои шестата Европска титула за Реал Мадрид.

Тој се приклучи во младинскиот состав на Реал Мадрид на само 15 години, и само година подоцна влезе во првиот тим на Реал Мадрид. Тој беше најдобар стрелец две сезони по ред, 1964/65 и 1965/66. На вкупно 366 официјални настапи во белиот дрес, тој постигна 75 голови. Иако местото во составот му беше како напаѓач, тој низ текот на кариерата играше и како среден ред и како одбрана, а еднаш дури и како голман.

Со Реал Мадрид освои 7 ЛаЛига трофеи, еден Европски куп и 3 Шпански Купови. Откако се пензионираше тој продолжи како тренер во Кастиља заедно со Амансио, и беше дел од луѓето позди кои се крие успехот на одличниот тим на Кастиља познат како ‘Quinta del Buitre’.

Неговиот зет, Франциско Пако Љоренте играше за Реал Мадрид во 80-сетите а додека неговиот внук Маркос Љоренте игра за Реал Мадрид Кастиља и има забележано и два настапи за првиот тим.

Почина на 13-ти Февруари 2002-ра на 58 годишна возраст.


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments



Пако Генто
Од Франциско Пако Генто па до Маркос Љоренте. Семејството на легендарниот Пако е долги години во Реал Мадрид.

Пако Генто беше еден од најзаслужните за тоа Реал Мадрид ја добие титиулата 'Најдобар клуб во 20-сетитот век'. И после неговото пензионирање неговиот придонес за Реал Мадрид го продолжија неговите внуци, браќата Љоренте.

Браќата Љоренте од Реал Мадрид

Четирите браќа кои ги бранеа боите на Реал Мадрид

Приказната за браќата кои ги бранеа боите на Реал Мадрид е една од поинтересните. Беа вкупно 4 и сите играа за Реал Мадрид. Двајца во кошаркарскиот тим и двајца во фудбалскиот. Сите тие се родени во Ваљадолид и се внуци на една од најголемите легенди на Реал Мадрид, Франциско Генто.

Луис Љоренте Хозе и Антонио 'Тонин' Љоренте Генто се двајца од 4-те кои ги бранеа боите на кошаркарскиот тим и тоа доста успешно. Посебно Хозе Луис кој беше член на легендарниот Шпански состав кој го освои сребрениот медал на Олимписките Игри во ЛосАнџелес во 1984-та. Хозе Луис Љоренте започна во пониските категории на Реал Мадрид и подоцна играше за првиот тим на Реал Мадрид од 1979-та до 1983-та. Потоа ираше за Каха Мадрид и КАИ Сарагоса за потоа повторно се врати во Реал Мадрид во 1987-ма. Неговиот втор мандат во Реал Мадрид траеше до 1992-ра година. Следни негови тимови беа Андора и Фуенлабрада Баскет. Се пензионираше од кошарката во 1997-ма.
Хозе Луис Љоренте

Тонин Љоренте Генто, вториот брат, имаше помалку успешна кариера отколку постариот брат, но е вреден за споменување бидејќи играше 16 сезони во првата лига пред да се пензионира. Тој го калеше својот талент во пониските категории на Реал Мадрид откако започна да игра за Ваљадолид. Но сепак тој не успеа да дебитира за првиот тим на Реал Мадрид. Играше во неколку клубови од првата лига за да се пензионира во сезоната 2001/02.
Антонио Љоренте

Фудбалерите Љоренте

Помладите браќа Љоренте си ја пробаа среќата во фудбалот. Франциско Љоренте Генто, или попзнат како Пако Љоренте започна во Реал Мадрид за потоа да се пресели во друг Мадридски клуб, Мостољес. Потоа играше во младинските категории на Атлетико Мадрид за потоа и успее да заигра во првиот тим на Атлетико. Причината за напредокот во првиот тим на Атлетико беше одличниот перформанс на Пако за Атлетико Мадрид Б. Сезоната 1985/86 скаутите на Атлетико Мадрид го забележаа талентот на младото момче и така тој ја започна својата кариера во Атлетико Мадрид. Истата сезона тој дебитираше за Атлетико Мадрид, потпочно на 6-ти Април 1986, во натпревар против Лас Палмас.

Во 1986-та, Пако Љоренте беше еден од главните играчи на Шпанската Репрезентација до 21-година, кои успеаја да го освојат Европското Првенство.
Во сезоната 1986/87, Пако Љоренте стана постојан член на првиот тим Атлетико Мадрид. Покажуваше одлични способности и дриблинзи слични како неговиот вујко, легендарниот Франциско Генто.
Пако Љоренте

На крајот на сезоната 1986/87, Љоренте, чиј помлад брат играше во Реал Мадрид Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид ја заврши кариерата во Атлетико преминувајќи во тимот на својот брат, Реал Мадрид. Пако Љоренте пристигна во Реал Мадрид во 1987-ма, годината во која тој го забележа и својот прв и единствен настап за Шпанската репрезентација. Беше тоа натпревар одигран во Севиља, против репрезнтацијата на Албанија од рамките на квалификациите за Европското првентсво во Германија 1988-ма. Составот предводен од селекторот Мигуел Муњоз победи со 5-0, а Љоренте, во своето деби постигна еден гол за Шпанците.

И покрај тоа што не играше често во сезоната 1987/88, неговите ректи настапи беа за паметење. Еден од тие настапи беше пртив Порто кога тимот на Реал Мадрид предводен од Лео Бенхакер губеше со 1-0 кога Љоренте влезе на теренот. Пако веднаш по влегувањето ја раздвижи играта на Реал Мадрид со неговите центар-шутеви и додавања кон Мичел, кој постигна два гола и Реал Мадрид успеа да победи со 4-2 вкупен резултат против Порто. Посебен за сеќавање на Љоренте, кој го носеше бројот 16 на грбот беше вториот гол (за 1-2), кога се ослободи од тројца противнички играчи и центрираше за Мичел кој ја заби топката во голот.
Следната сезона, 1988/89, беше најдобрата за Пако во дресот на Реал Мадрид. Тој одигра 25 натпревари за првиот тим, 10 од кои како стартер и постигна 3 голови.
Но сепак, улогата на Пако Љоренте во составот на Реал Мадрид се намалуваше како поминуваат годините. Со Хуго Санчез и Емилио Бутрагењо во нападот и Мичел, Мартин Васекз и Шустер во средината, потребата од Љоренте, кој играше како десно крило, во првиот состав се намалуваше. Сепак, во сезоната 1989/90, со Џон Тошак како тренер, Љоренте стана задолжителнба замена од клупата на Реал Мадрид. Тој одигра 23 натпревари таа сезона, само 2 од тие како стартер и уепса да постигне 1 од тогаш рекордните 107 голови во Лигата.

Сезоната 1990/91, беше една од нај неуспешните во неговата кариера како играч, кога одигра само 6 натпревари. Следната сезона сепак тој имаше поголема улога во тимот. Одигра 18 натпревари каде често и беше стартет. Постигна 2 гола таа сезона. Но сепак неговите 2 последни сезони во Реал Мадрид не беа за паметење. Сезоната 1992/93 тој одигра 8 а додека сезоната 1993/94 само 4 натпревари.

Во 1994 му заврши договорот со Реал Мадрид и си замина од тимот со освоени 3 Лигашти тиули, 2 Копа дел Реј и 4 Супер Купови. Се пензионираше од фудбалот на 32-годишна возраст.

Франциско Пако Љоренте е татко на Маркос Љоренте Морено (роден 1995) кој игра за Реал Мадрид Б и има забележано 2 настапи и  за првиот тим. Мајката на Маркос Љоренте е Марија Ангела која е најстара ќерка на легендарниот играч на Реал Мадрид, Рамос Гросо. 
Рамон Гросо

Маркос Љоренте и Пако Генто
Семејното дрво на Маркос Љоренте


Хулио Љоренте
Најмладиот од семејството Љоренте започна во младите категории на Реал Мадрид. Играше како централен бек и десен бек. Во сезоната 1986/87 тој беше повикан во првиот состав но никогаш не успеа да дебитира. Но беше присутен во прославата на титулата со првиот тим.

Следната сезона тој успеа да дебитира во првата лига, но за екипата на Мајорка каде беше на позајмица од Реал Мадрид. Одигра 24 натпревари таа сезона од кои 23 како стартер.

По завршувањето на позајмицата тој се врати во Реал Мадрид каде се соедини со својот брат во првиот состав. Беше тоа сезоната 1988/89, кога 'Петорката Мршојадци' го предводеше Реал Мадрид. Тој одигра неколку натпревари таа сезона, малку од тие како стартер и имаше по некое појавување во составот кој играше на Европските натпреварувања.
Хулио Љоренте

Следната, сезоната 1989-90, Хулио одигра 10 лигашки натпревари, од кои на 6 беше стартер. Тој истотака одигра 4 натпревари во Копа дел Реј и 3 во Европа, притоа постигнувајќи еден гол.
Тој успеа да освои со Реал Мадрид 2 Лигашки титули, еднаш Копа дел Реј и два пати Шпански Супер Куп. Се пензионираше од фудбалот во 2000-та во екипата на Саламанка.

Голема реткост низ историјата е да браќа заиграат во првиот состав на Реал Мадрид, но по Пако и Хулио Љоренте, двајцата браќа Начо и Алекс го остварија истото. Беше тоа натпревар од Копа дел Реј, против Алкојано на 31-ви Октомври 2012 кога двајцата браќа беа стартери за Реал Мадрид. Начо во одбраната а Алекс во средината.

Начо сеуште е член на првиот состав на Реал Мадрид а додека Алекс Фернаднез игра за екипата на  Ридинг.
Алекс Фернандез

Начо Фернандез
Први голови за Реал Мадрид:

Први голови за Реал Мадрид:

10 Факти кои можеби не сте ги знаеле за ЕлКласико:

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

read comments

Popular Posts

Flag Counter